Охрид полн со гости како на лето
Туристичките работници интензивно се подготвуваат за Првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни.Според најавите ова лето треба да имаме шаренило од туристи како никогаш до сега.
Охрид за време на викендов полн со гости како на лето. Во градов веќе се чуствува присуството на странски, но и на домашни гости. Преполните летни тераси и посетеноста на културно историските споменици им дава за право на туристичките работници да кажат дека сезоната полека, но сигурно започнува. Сите интензивно се подготвуваат за првомајските и велигденските празници, кои веќе години наназад се вовед во главната летна туристичка сезона. Хотелските капацитети во градов се речиси полни. Во хотелите Метропол и Белви засега исполнетоста е околу 80%. Најмногу има интерес на гости од Бугарија и од земјава. Тридневен аранжман со полупансион чини 100 евра што е прифатлива цена , велат менаџерите од овај хотелски комплекс. Повеќе од 50% е исполнет и хотел Гранит. Таму пак најмногу ќе има гости од соседството, а се очекуваат и гости од Турција. Интерес има и за помалите хотелски капацитети кои се сместени по кејот на езерото. Во хотел Милениум веќе се резерворани 80% од капацитетите. Најмногу ќе има гости од Бугарија и од соседството. Гостите голем интерес покажуваат и за струшкиот дел од охридското крајбрежје. Хотел Дрим е целосно исполнет.
Ние имаме гости од Грција, Турција, Косово и од опкружувањето. Задоволни сме од исполнетоста и се надеваме на добра туристичка сезона. Претходните години 1ви мај и Велигден беа два различни празници па се користеја два посебни викенди. Сега бидејќи се слават заедно полесно е да се пополнат капацитетите, вели хотел менаџер на хотел Дрим, Ана Јанчева Дуданоска.
Според најавите на туристичките работници, хотелиерите и угостителите ова лето треба да имаме шаренило од туристи како никогаш до сега. Се очекуваат гости од Холандија, Данска, Полска, Романија, Кина, Јапонија, Турција, Израел, Англија. Но актуелните состојби во државава можат да ги поматат плановите.
Мигрантската криза и терористичките напади негативно ќе се одразат врз сезонава што претстои. Се чуствува намалениот интерес за патување кај некои туристи. Но, се надеваме дека состојбата ќе се подобри и дека ова лето барем за 10% ќе имаме зголемен број на ноќевања од лани, вели Јанчева Дуданоска.
Првите организирани групи странски туристи кои доаѓаат во охридско-струшкиот регион пред сезоната се туристите од земјите на Бенелукс. Првите холанѓани пристигнуваат во Охрид веќе на 3-ти мај. Првите гости што во Охрид ќе летуваат преку аранжманите на „ТУИ Аркетравел“ доаѓаатна 13 мај, а од оваа година за првпат Охрид како дестинација е на понудата и на белгискиот тур-оператор „Томас Кук“ чиј прв чартер авион со гости ќе пристигне во јуни.