Skip to main content

Туризам

Охрид полн со туристи

Третиот во низата продолжени празнични викенди го исполни Охрид со туристи. Покрај домашните, најбројни туристите од соседна Србија.
 |  Голабовски Крсте  | 
туристи за 1 Мај

Охрид полн со туристи за првомајскиот продолжен виекнд. После паузата предизвикана од Ковид пандемијата, нашиот туистички бисер заличи како што му доликува во овој период од годината, да биде полн со луѓе. Најбројни гостите од соседството, посебно од соседна Србија но и гости од европските земји.

„Ги поминавмне сите знаменитости, одиме утре за Св. Наум, потоа во вевчани, струга. Се надеваме дека убаво ќе си поминеме. Воодушевени сем и од водичката, која е оттука, една професорка, се ни раскажа како треба. Прв пат доаѓаме тука и впечатоцитер се феноменални.“

„Првпат во Охрид на подолго, досега било на минување само на пат за грција. Преубаво е . Од гостопримливоста на мештаните до професиналноста на водичот. Најверојатно ќе дојдам повторно, не може се ова да се види за три дена“.

„Од Црна гора сме, тука на екскурзија. Прекрасно е . бевме св.Наум, манастирот се тоа видовме, преубаво е а убав е и овој дел, центарот на градот“.

„Преубав Охрид. Бев тука како ексурзијант на 15 години. Пред 45 години. Но се сменил. Многу е убаво. Најмногу ги сакам црквите храмовите, историјата на охрид, езерото, шеталиштето, кафеаните. Ефтионо е во однос на Белград. Бевме скоро и во Венеција, овде е преубаво треба да се дојде но времето е кратко“.

„На одмор сме тука со братучедите и фамилијата ти се прв пат овде и да им го покажиме Охрид. Ние сме овде секоја година. Сакаме да им покажеме дека и во македонија може да се најдат убави градови, не само во Хрватска и Црна Гора. Ќе им покажеме што има овде“.

Една од најпопуларните атракции, прошетките со кајче или веќе помодерните катамарани, доста барани и оваа година. Димитар Матов вели дека заинтересираноста е голема, но сепак потребно е пред се временските прилики да им одат во прилог.

„Градот е полн. Имаме туристи од сите страни. Оваа година доста се бројни српските туристи, и од другите балкнаски земји и оваа година имаме многу словенци. Тоа не изненади.„Најчесто барана дестинација е Св. Наум, Заливот на коските. Богордица Заумска, еден пакет екскурзија од 6 часа. Семејните тури кога доаѓаат гости со мали деца, бараат пократки тури. Од половина час стариот дел на градот и вилата Биљана“, вели Димитар Матов – кајчар.

После неколку годишната пауза, навистина е прекрасно да се гледа Охрид исполнет со гости буквално од секаде, велат угостителите. Добра храна и пијалок, жива музика која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации и се тоа по пристапни цени се адутот на охридските угостители.

„Прекрасно е вака да се гледа Охрид како е преполн со гости. Има доста, доста гости од соседна Србија и не радува. Мислам дека ова лето ќе биде нешто што во последниве три четири години не било“, – кажува Крсте Крстески – угостител пивница „Сокак“.

И Атанас Ѓоршески, кој неодамна отвори нов угосителски објект, вели дека цените ќе бидат пристапни за секој и се надева на доста плодна сезона оваа година.

„Со оглед на тоа дека овој продолжен викенд е 1-ви мај се надеваме дека и целото лето ќе биде исполното со доста гости. Како нов локал имаме жива музика, свирки, очекуваме доста плодна сезона а таква е најавата и од туистичките агенции и мислам дека ова лето после короната ќе биде едно од најдобрите лета како сезона“ објаснува Атанас Ѓоршески – угостител пивница „Сокак“.

Исполнетоста на сместувачките капацитети на охриско-струшката ривиера за велигденските и првомајските празници најавува добра туристичка сезона.Иако цените за аранжманите се повисоки во однос на претходните години, сепак, тврдат од хотелско угостителскиот еснаф земјава останува поефтина дестинација во споредба со туристичките центри во регионот.