Skip to main content

Охрид полн со туристи

Раздвиженост во Охрид за продолжениот празничен викенд. Градот исполнет со гости, од кои покрај домашните, најбројни се гостите од Црна Гора, Албанија, Србија, Косово. Туристичките работници велат Охрид на големо се продава во соседнните земји и на повидок е солидна туристичка сезона за конечно заживување на економијата.

 

 |  Соња Рилковска  | 

 

Овој празничен продолжен викенд Охрид полн со туристи. Најголемиот дел се гости од земјава, но има и голем број групи од соседството Србија, Бугарија, Косово, Албанија и Црна Гора. Угостителските и хотелските објекти се наполнија со посетители, а се раздвижи и белата флота на Охридското езеро.

Туристите  задоволни, велат секогаш со радост доаѓаат во Охрид.

-Големо задоволство е што сме овде по кознае кој пат. Тоа докажува дека сте навистина добри домаќини, дека сте многу гостољубиви и секогаш се враќаме овде. Оваа година шести пат доаѓаме. Сега сме дојдени со два автобуси со 110 луѓе. Така што можам дека за Охрид имаме голем интересот“, вели туристички водич од Црна Гора.

-Сум бил во Охрид пред многу години. Можам да кажам дека сме многу задоволни, вели туристи од Црна Гора.

-Преубаво ни беше во Свети Наум, Билјанини извори и Заливот на коските кои ги посетивме, вели гостинка од Црна Гора.

-Можам слободно да кажам дека Охрид е еден од најубавите градови не само ан Балканот туку и во Европа. Тоа не е само мое мислење, туку и на сите мои пријатели. Тоа го прави не само природната убавина на градот туку и луѓето“, вели гостин од Црна Гора.

 

Туристичките работници велат Охрид на големо се продава во соседна Србија и Црна Гора. Од 13 јуни србите редовно ќе  

 летуваат на брегот на Охридското езеро.

„Од 13 јуни почнуваат аранжманите за Охрид на 5, 7 и 10 дена и мислам дека цело лето до 18 септември со фиксни датуми. Мислам дека ова лето Охрид ќе биде многу посетен од гостите од Србија. Но и од црногорските групи со оглед дека и Црногорските агенции го ставаат Охрид на мапата, мислам дека и од нив ќе има аранжани на 5, 7 и 10 дена. Сепак Охрид како домаќин оставија добар и силен впечаток“, вели Владо Суклоски

Пандемијата стивнува, па затоа и  граѓаните и туристите се  поопуштени. Во градот,овие празнични денови  конечно се почувствува туристичка атмосфера и надеж за враќање на туризмот по зацртаните  патеки.