Skip to main content

Охрид полн со туристи го живее шпицот на сезоната

Најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и Србија, но и домашните туристи. Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост. Главен предизвик оваа летна сезона во двата туристички ге недостигот на стручен кадар.
 |  инфодеск  | 
Охрид чаршија сезона

Екстремно високите летни температури, придонесоа за голем наплив на туристи  на  брегот на Охридското Езеро. Во шпицот на летната  сезона најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и  Србија, но и домашните гости. Плажите се преполни, температурата на езерската вода е околу 24 степени,  идеална за рекреација.

Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.

„Нагласуваме дека холандските туристи се број еден, но застапени се многу и туристите од Полска, оваа година имаме организирани туристи и од Велика Британија. И тие се во поголем број може да се забележат, Меѓутоа има туристи кои се напоминување и од соседните земји“, вели Челик Асим туристички работник  од Охрид.

Plaza leto

Клучен предизвик ова лето во двата туристички градови на брегот на Охридското Езеро  е недостигот на стручен кадар во хотелско -угостителскиот сектор, нив го менуваат младите учениците од средните училишта.

„Сезоната си тече, ние не сакам да кажам импровизираме, ние се снаоѓаме со младите кои се  се уште тука и среќен сум што младите имаат желба да работат. Во сите ресторани, кафе барови, хотели средношколците се многу застапени. Мислам дека тие ќе ни ја спасат сезоната“, додава Асим.

Според туристичките работници,  иако цените во хотелско угостителските услуги  оваа летна сезона и во Охрид и Струга се повисоки за околу 30% , охридското крајбрежје и натаму останува  најевтина дестинација во споредба со земјите во регионот.

Новинар Соња Рилковска