Skip to main content

Охрид е поубав отколку што го сонував и замислував, вели светскиот патник Дачешин

Македонија е 93-тата од вкупно 197 земји колку што планира да посети, од која деновиве ги споделува впечатоците. Документарни видеа од неговата посета на Охрид наскоро ќе бидат достапни на неговиот канал на YouTube.
 |  инфодеск  | 
Дачашин

Охрид станува редовно место за посета од страна на блогери, влогери и инфлуенсери. Во низата млади луѓе кои преку своите профили на социјалните платформи го промовираат Охрид се впиша и Роберт Дачешин од БиХ.

„Колку време имам слушано за Охрид луѓе мои. Не знам дали повеќе ми раскажуваа за него или сонував да го посетам. Имав малку страв пред да дојдам во Охрид, да бидам искрен, затоа што толку многу го идеализирав во моите очи, но на крајот излезе дека е уште поубав отколку што сонував. “ – вака започнува да ги опишува своите впечатоци од Охрид, инфлуенсерот Роберт Дачешин.

Дачешин од Бањалука, Босна и Херцеговина e млад човек кој ја напуштил работата „од 9 до 5“ за да стане светски патник. За себе вели дека е полиглот, тенисер и дигитален маркетар кој планира да посети 197 земји. Македонија е 93-тата од 197 земји, од која деновиве ги споделува впечатоците.

„Во изминатите седум дена имав можност за прв пат да ја посетам Северна Македонија, мојата 93-та земја досега, но и една од оние посебни земји во кои веднаш се заљубувате. Да бидам искрен, не сум сигурен што ми се допадна повеќе овде, природата, луѓето, храната или историјата, бидејќи сè е толку автентично и навистина уникатно.“ – вели Дачешин.

Документарни видеа од неговата посета на Охрид и Македонија наскоро ќе бидат достапни на неговиот канал на YouTube.