Охрид преполн од гости за Велигден
Во Охрид се бара место повеќе за Велигденските празници. Градот е исполнет од домашни гости но во голем број присутни се и туристите од регионов. Големата посетеност за овој празник е убава можност туристите да се запознаат со убавините на градот, да ги разгледаат вредните културно- историски објекти.
Балканскиот Ерусалим, преполн од туристи за големиот христијански празник Велигден. Традиционално гостите од Србија, Бугарија и Грција и годинава воскресението Христово ќе го чествуваат во охридските цркви и ќе ги разгледаат убавините на градот. Туристичките работници се потрудија на гостите да им обезбедат пристапни цени, квалитетна услуга и незаборавен престој со организирана програма.
„Цените воглавно се како и минатата година, двокреветните соби со доручек и вечера се движат до 40 евра а вип апартманот 70 евра. Имаме агенда почнуваме од четврток, завршуваме во недела ќе гостуваат различни познати бендови, интересот е голем пред се и од нашите гости но и од внатрешноста“
Со оглед дека најавите за временската прогноза од утре предвидуваат сончево и топло време и охридските бродари не само што се желни се работа туку очекуваат и профитабилен викенд
„Водостојов на езерово е доста висок имаме потешкотии при паркирање на пловниве објекти. Очекуваме за празнициве богата понуда да кажам гостите ќе ги прошетаме околу стариот град до Св Јован Канео, Св Наум“.
Велигденскиов продолжен викенд ќе го раздвижи Охрид. Нашиот туристички бисер не само што е подготвен за празникот, туку ширум ги отвори портите за сите гости кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат во центарот на православието. И ако Велигденсите празници се репер за престојната туристичка сезона, туристичките работници од градов очекуваат многу гости.