Охрид преполн со туристи за Велигденските празници
Охрид преполн со туристи за Велигденските празници. Огромен број странски и домашни туристи деновиве ги минуваат на брегот на Охридското Езеро. Голем дел од гостите пристигнаа од вчера на Први мај, а остануваат до недела или понеделник.
Хотелските капацитети и приватното сместување бележат голема исполнетост.
Најголем дел од гостите се од земјава, но и од соседните земји. Забележително е присуството на групи од Србија, Словенија, Турција, Полска.
„Како што гледам од поранешна Југославија се најповеќето, но ги имаме и полјаците што мерадува. Убаво е годинава ќе имаме повеќе туристи според најавите. 0100 Во Охрид сметам стариот дел на градот, старите цркви кои се особено интересни и последно ќе биде Свети Наум. Прво најповеќе ги воодушевува стариот град, старите градби, старите цркви кои никаде ги нема освен кај нас ние имаме нешто што никој го нема”, вели Ристе Голабоски туристички водич.
Празнувањето на Велигден во некој од древните црковни храмови Балканскиот Ерусалим е посебно духовно доживување. Гостите уживаат во уникатната понуда на Охрид.
–Од Ниш сме дојдовме на 4 денови три ноќи за празниците. Бев во Охрид во 1975 година многу се се променило, има голем број туристи, вели гостин од Србија.
–Убаво е јас сум прв пат овде и преногу ми се допаѓа. Погледот од бродот беше преубав, цел Охрид е преубав
–Ние сме група од Полска, ќе останеме во Охрид 4 денови многу ни се допаѓа.
Централната богослужба за Христовото Воскресение е во сабота на полноќ во Светиклиментовиот храм на Плаошник.
Први мај и Велигден се сметаат за почеток на туристичката сезона. Судејки по досегашните најави, туристичките работници ги тријат рацете и очекуваат плодна сезона.
Новинар Соња Рилковска