Охрид претставен на Саем за туризам во Белград
Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд, на претстојниот саем за туризам во Белград.
Свеченото отворање на 44-от Меѓународен саем за туризам се одржа на саемот во Белград во фантастична атмосферa. Околу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“.
Во рамките на саемските денови од 23-ти до 26-ти февруари општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ресен, општина Крушево и општина Охрид ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо.
Саемот ќе биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции, отварајќи можности за исполнување на целта за 2023 година од 3,2 милиони ноќевања со повеќе од 550 милиони долари промет од туризмот и угостителството во македонската економија – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година.
Воведувањето на авионската линија Белград – Охрид четири пати неделно од јуни претставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи.



