Skip to main content

Real Expo 2023

Охрид се претставува на Саемот за бизнис инвестиции Real Expo 2023

Градоначалникот Пецаков изразува уверување дека средбите на саемот ќе вродат со конкретни инвестиции во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Пецаков на Саем за инвестиции

Почнувајќи од денес и во наредните три дена Охрид ќе биде претставен на Саемот за бизнис инвестиции Real Expo 2023 кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

„Штандот на Општина Охрид беше посетен од потенцијални инвеститори помеѓу кои беше Шеикот од Обединетите арапски емирати Мохамед бин Сакр Ал Касими. Исто така остварив средба и со премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук. Покрај за посетителите на штандот извршив презентација на можностите за инвестирање во Охрид пред останатите присутни и воедно остварив продуктивни лични средби.“– објави на Фејсбук, Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Градоначалникот изразува уверување дека овие средби ќе вродат со конкретни инвестиции во Охрид.

На Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој се одржува во изложбениот простор од 3.000 метри квадратни, во хотелот „Хилс“ учествуваат инвеститори, изведувачи, технолошки компании и бизнис експерти од 12 држави.