Skip to main content

Охрид продолжува во круг

Локалната самоуправа, денес официјално отпочна со изградба на предвидените 7 кружни текови низ охридските улици.

 |  Николоска Биљана  | 
kruzen
кружен

Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми.

kruzen„Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата што доаѓаше од делот каде што се градат зградите, тука ставивме големи подземни цевки и така ќе се реши тој дел, а со дождовната вода ќе го решиме на тој начин што ќе има соодветни испусти не во канализцијата“.

Со изградбата на модерна кружна раскрсница десет пати повеќе ќе се подобри протокот на возилата, во споредба со сега, вели Зоран Шикалоски, раководителот на одделението за сообраќај.

„Дијаметарот на целата кружница е 45 метри надворешен, внатрешениот дијаметар е 28 метри лентата околу кружницата ќе е широка 8 метри со можност внатре да се вградат две сообраќајни ленти кои комотно ќе можат да го примат цел сообраќај што доаѓа од Туристичка. Комплетно се одредени сите висини и параметри по однос на одводнувањето и осветлувањето, а по однос на самата подлога ние имаме дел на асфалт тој ќе се истружи ќе се нивелира и горе ќе се асфалтира комплетно уште еден слој“.

Со изградба на новите модерни кружни раскрсници ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот, потенцира Шикалоски. Реновирањето на 7 те раскрсници, општината ќе ја чини 100 000 евра.

{loadposition content9}