УХМР
Во Охрид променливо облачно со повремен дожд
Mаксималната дневна температура ќе се искачи до 15 степени.
Времето денес во Македонија променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура до 9 степени, а максималната дневна до 15 степени.


