Охрид, град на раскопани тротоари
Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Граѓаните велат дека се обратиле до сите служби но, тие останале глуви на нивните барања.
Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не е интервенирано 30тина години, поточно откога се правел булеварот Туристичка, објаснува Кипариз. Тој додава дека си ги упропастиле чевлите, а припадничките на понежниот пол си ги искршиле штиклите.
Граѓаните велат дека се обратиле до сите служби. Го информиртале Гадоначалникот, ЈП Комуналец, а доставиле барање за поплочување на тротоарите и до Секторот за комунален развој и патишта. Но, сите останале глуви на нивните барања. Сеуште одат по кал и прашина по непоплочените тротоари. Од Секторот за комунален развој пак велат дека постојано работат на терен и дека ќе дојде ред и на овој дел од градот. Зоран Шикалоски тврди дека уште наредната недела ќе се започне со зафати на тротоарите на Булевар Туристичка.
Останува да видиме дали ветувањето ќе биде исполнето и дали овој малку подзаборавен дел од градот конечно ќе добие ист третман како централното градско подрачје.
{loadposition content9}