Skip to main content

Општина Охрид

Охрид ќе добие рекреативно авантуристички парк, најголем од тој тип во Југоисточна Европа

Охрид ќе добие рекреативно авантуристички парк кој ќе биде најголем од тој тип во Југоисточна Европа, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде сместен најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа, објави денеска градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица.

„Паркот е направен според ЕУ стандардот EN 15567 (15567‐1 и 15567‐2) и ќе користи еден од најбезбедните системи за ваков тип на активности. Безбедноста во паркот e на високо ниво и уживањето на корисниците на рекреативниот авантуристички парк е големо и најважно неговата изградба нема никакво негативно влијание врз животната средина и дрвјата.“ – вели градоначалникот Пецаков.

Адреналинскиот или авантуристички парк е во рамки на проeктот OHRID GO. Главната цел е подобрување и проширување на туристичката и спортска понуда, со цел привлекување на странски и домашни посетители и групи, нудејќи им единствено катче за спорт, рекреација и дружење.