Охрид се подготвува за Бадниковата поворка
Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Охрид. Стотици деца, по единаесетти пат ќе го најават Христовото раќање на 05 јануари. Деновиве на градскиот плоштад ќе биде поставена и Бадниковата пештера. Организаторите велат од година во година расте интересот на децата, кои сакаат да бидат дел оваа црковно народна манифестација која е возобновена пред 13 години, со благослов на епископот Партениј од Бигорскиот манастир.
„На децата им е позната песната, Вечниот Бог се пее веќе 11 години некои од децата ја знаат некои н ја знаат но ја слушале па знаат за што станува збор. Тоа е една приказна како Хрисотс се родил во песната е се опишано. За некој ден токму овде на плоштад ќе биде поставена Бадниковата пештера, која што е навистина убав украс на Охрид а тоа е симболот на Витлеемската пештера, каде што се родил нашиот спасител исус хрисотс” , вели Летка Филипова, организатор.
Сите деца кои сакаат да учествуваат во поворката секоја сабота во 13 часот може да се придружат на пробите во спортска сала на ОУ „Христо Узунов”. Организаторите најавуваат многу изненадувања, но и подароци за коледарчињата на градскиот плоштад.
„Сите деца што ќе бидат учесници на поворката, нели ќе носат ѕвезди како симбол на ѕвездата деница што г покажала патот на мудреците до пештерата. Децата ќе бидат пречекани од градоначалникот на плоштадот, од советниците, директори, сите иснтитуции што ја оддржуваат поворката. Доаѓаат и се вклучуваат и возрасните, бидејќи оваа радост не е само за децата туку и за нас возрасните”, додава Филипова.
Лани околу 1000 деца учествуваа во величествената Бадниковата поворка во Охрид, бројните колендарчиња донесоа радост низ целиот град. Децата ги поминаа централните градски улици, пееја на градскипот плоштад, а на крајот се упатија на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.
Новинар Соња Рилковска