Skip to main content

Охрид се подготвува за подземен катастар

Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за тој зафат координатори ќе бидат Локалните самоуправи. За оваа мошне комплексна проблематика која е збир на повеќе мрежи од охридската Локална самоуправа велат дека веќе се преземени активности. За изготвување на податоците се ангажирани сите субјекти почнувајќи од ЕВН, кабелските оператори па се до јавните општински претпријатија, информира портпаролот Симон Илиески. Изготвувањето на подземниот катастар е мошне комплексна проблематика и ќе треба време за негово имплементирање, појаснува општинскиот портпарол Илиески.  
Ohrid 
„ Проценките се дека ќе треба најмалку 1,5 до  2 години  целата процедура да заврши. Искуството што гo покажа  проектот за надземниот катастар и процесите кои беа  поврзани со него ќе следуваат и за  подземниот катастар. Конечно треба да се синхронизираат подземниот и надземниот катастар со кој  ќе има општа слика за состојбите за градбите и  инсталациите под земја“.

Од Јавното претпријатие „ Проаква“ , како еден  од неколкуте  субјекти кои треба да учествуваат во подготовка на податоците за подземниот катастар велат дека тие водат евиденција на катастар на поголемите цевки до длабочина од 2 метри. Недостастасуваат само податоци за помали инсталации кои прават проблем понекогаш, а кои порано не биле евидентирани. Станува збор за периодот од пред 10 -15 години за линии на кои биле изведувани работи, а не се направила  техничка документација. Последниве години постои точна информација за вертикалната и хоризонталната линија за водоводната мрежа. Крајно време е овој проблем да го решиме затоа што без подземен катастар се соочуваме со оштетувања на подземните мрежи што доведува до дополнителни трошоци за санирање на штетите, се согласува директорот Старкоски.  
proakva
„ За да се реши овој проблем за должина на околу 200  километри водоводна мрежа потребни се и неколку предуслови. Потребен е стручен кадар кој ќе работи на оваа проблематика. Треба и софистицирана опрема JPS со која ќе се вклопат сите претходно неопфатени инсталации во градот,“напоменува првиот човек  на ЈП „Проаква“.

Прв чекор кон создавањето база на податоци за она што изминативе децении е поставено под земја е регистарот на јавна електронска комуникациска инфраструктура што го објави Агенцијата за електронски комуникации. АЕК веќе имплементира Софтвер за електронски регистар за јавни електронски комуникациски мрежи и инфраструктура. Граѓаните, јавните и приватните претпријатија ќе  добиваат информации за подземните и за надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура. Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежните работи. Приватните и јавните претпријатија ќе добијат имотни листови за подземните инсталации што ги поседуваат.

{loadposition content9}