Охрид се полни со туристи само за викенди
Охрид се полни со туристи само за викенди. Најбројни се гостите од Полска и Украина, иако беа масовно најавувани засега мал е бројот на посетители од Србија. Туристичките работници се загрижени од последната одлука на Владата на Полска која воведува карантин за граѓаните кои патуваат во земји надвор од ЕУ, без разлика на тоа што Македонија е впишана на листата безбедни дестинации.
| | Охрид
Охрид е полн со туристи за време на викендите, во останатите денови нема забележителен број гости, оценуваат туристичките работници. Најголемиот дел од странските посетители доаѓаат од Полска и Украина, а многу малку групи од подалечните земји. Туристичките работници се загрижени од последната одлука на Владата на Полска, која воведува карантин за граѓаните, кои патуваат во земји надвор од Европската унија. Одлуката е донесена, независно што земјава е на листата безбедни дестинации во ЕУ, а со тоа ќе се намали бројот на полските гости на брегот на Охридското езеро.
–Државјаните од Полска кои се вакцинирани само ќе може да патуваат за останатите ќе треба ПЦР тестови на враќање во Полска или карантин. 0207 Мислам дека ЕУ си се заштити самата себе и сака да ги задржи готите во ЕУ зоната.-вели Филип Стефаноски тур оператор од Охрид.

Нема значителен број на туристи и од соседството, иако беа масовно најавувани Србите заминаа во Грција и Албанија.
–Ги нема во тој број во кој ги очекувавме. Знаете Грција и Албанија се отворени за нив голем број од српските државјани се вакцинирани и може да патуваат за Грција, а тоа е нивна дестинација број еден и затоа ги нема во голем број во Македонија.-додава Стефаноски.

Во средината на јули се очекува да стартуваат чартер летовите на Туи и Корендон од Холандија, но засега не е потврдено, се зависи од текот на пандемијата и одлуките на владите во Европските земји.
Новинар Соња Рилковска