Skip to main content

Охрид се повеќе го напуштаат младите, а нивните родители остануваат сами

Oхрид се повеќе го напуштаат младите, а  нивните родители  остануваат сами.

 |  Валентина Неловска  | 
ezero

Охрид се повеќе го напуштаат младите луѓе, а родителите остануваат сами. Меѓу нив има постари лица кои имаат потреба од нечија грижа. Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, напоменува дека до нивното здружение се обраќаат постари  лица кои не се нивни членови, а тие се трудат да им помогнат на разни начини. Излегуваме во пресрет со запишување за снабдување со огревно дрво и прехранбени артикли преку клубот на пензионери, напоменува Трпчески.

„Преку месните ограноци на ниво на двете општини наши членови ги посетуваат изнемоштените. Добар дел од нивните деца им се иселени и се оставени сами. Ние во одредени моменти ги посетуваме, разговараме со нив. Инсистиравме да се изгради дом за стари лица, но тоа досега не е реализирано иако ветувања има“, вели Трпчески.

ohridЗдружението на пензионери од Охрид и Дебрца  соработува и со Општинската организација на Црвен крст. Славица Илиќ, координатор на програмата  „Грижа за стари лица“од ОО ЦК ,  вели дека за само неколку месеци  детектирале 40 -тина лица и брачни парови кои се сами и имаат различни потреби. Имаат три тима на волонтери, од кои во еден тим има волонтери пензионери. Има и млади луѓе кои се трудат да им помогнат на различни начини на тие лица да не се чувствуваат маргинализирано, подвлекува Илиќ.  

„Нашите волонтери ги осознаваат основните потребите на старите лица како што се  комуникација, па преку неа  се дознаваат и  другите потреби како што се купување на лекови, плаќање сметки, снабдување со артикли“, посочува Илиќ.

Директорот на општа болница Охрид, др. Љубен Арнудов, напоменува дека интересот за сместување во нивниот геријатриски оддел е голем, но нивните можности се ограничени затоа што располгаат со капацитет од 33 легла. Условите не се соодветни за подостоинствено сместување признава Арнаудов, но тоа не е по наша вина. Собите се реновирани, но во нив се сместуваат и по 3-4 лица. Покренавме иницијатива за проширување на капцитетите барем за 80 легла, но засега од тоа нема ништо, додадава Арнаудов.

Минатата година, во месец мај,  општина Охрид потпиша договор со АД „Илинден“ да изгради Дом за стари лица. Домот треба да се изгради за 4 години од датумот на потпишување на договорот.