Skip to main content

Охрид се прости од градоначалникот Стојаноски

Неговите најблиски, претставници на државниот врв, политичките партии, голем број граѓани, роднини и пријатели, на градските гробишта во Охрид, попладнево го испратија во вечното почивалиште прерано починатиот градоначалник, проф. д-р Јован Стојаноски.

 |   | 

Последна реч во името на сите за, проф. д-р Јован Стојаноски, имаше неговиот пријател и колега, проф. д-р Софронија Миладиноски.

Проф. д-р Јован Стојаноски, во колективната меморија на oхриѓани ќе остане запомнат по неговата широка насмевка, едноставност, ненаметливост и пријателски однос. Секогаш вреднувајќи ги потенцијалните можности и квалитетите на соработниците и колегите се со цел да придонесе во реализација на неговата визија за Охрид.