Skip to main content

Охрид во септември го посетиле над 40 илјади туристи, странските оствариле повеќе од 52 илјади ноќевања

Вкупно 136.305 туристи ја посетиле земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Странските туристи доминирале со 75,1 процент од вкупниот број посетители, а Турција била водечка земја од каде пристигнале најголем дел од нив.
 |  инфодеск  | 

Вкупно 40.011 туристи го посетиле Охрид во септември 2026 година, од кои 27.017 биле странски, а 12.994 домашни туристи. Странските посетители оствариле 52.288 ноќевања, додека домашните туристи забележале 32.874 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

На ниво на државата, во септември биле евидентирани вкупно 136.305 туристи, кои оствариле 264.370 ноќевања. Од вкупниот број посетители, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај ноќевањата, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.

Најголем број странски туристи во септември пристигнале од Турција, вкупно 27.933. Следуваат Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот од јануари до септември 2026 година, на државно ниво е забележан раст од 3 проценти на вкупниот број туристи во споредба со истиот период минатата година. Бројот на домашни туристи е зголемен за 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти.