Skip to main content

Во Охрид во септември издадени 10 одобренија за градење, предвидена изградба на 104 станови

Според статистичките податоци, во извештајниот период на територијата на државата е предвидена изградба на вкупно 919 станови.
 |  инфодеск  | 

Во текот на септември 2026 година, во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, пет одобренија се издадени на физички лица, додека во останатите пет случаи како инвеститори се јавуваат правни субјекти. Согласно издадените одобренија, предвидена е изградба на 104 станови, претежно двособни и трособни, со вкупна корисна површина од 6.309 квадратни метри.

Во истиот период, во општините Струга и Дебрца е издадено по едно одобрение за градење.

На ниво на државата, во септември 2026 година биле издадени вкупно 253 одобренија за градење. Од нив, 166 се однесуваат на објекти од високоградба, 26 на објекти од нискоградба, а 61 одобрение е за реконструкција.

Од вкупниот број одобренија, во 163 случаи инвеститори се физички лица, додека 90 одобренија им биле издадени на деловни субјекти.

Според статистичките податоци, во извештајниот период на територијата на државата е предвидена изградба на вкупно 919 станови, со вкупна корисна површина од 67.878 квадратни метри.