Skip to main content

ЈП Охридски комуналец

Охрид го живее шпицот послан со отпадоци, комуналците максимално ангажирани

Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7.
 |  инфодеск  | 
охрид комуналец сезона

Изминатиов викенд оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец максимално ангажирани да го средат градот после журките.

„Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7. Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини. “ – велат од јавното претпријатие.

Екипите на Комуналец беа ангажирани на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и на плажата Немо.

Интервенираат по кејот, ул. Македонски Просветители, градскиот парк кои секое утро осамнуваат со огромни количини расфрлан отпад.

Утрово на градскиот кеј заради дотраеност знамињата беа заменети со нови.

фото: ЈП Охридски Комуналец