Skip to main content

Охрид ќе соработува со Дортмунд, Германија

Во посета на Охрид поранешниот градоначалник и советник во Дортмунд, Германија Рутиге Шмит. Градоначалникот Никола Бакраческ најави плодна и долгорочна соработка помеѓу двата града на полето  на туризмот како и во изучувањето на германската култура и јазик во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
bakraceski germanec
бакрачески германец

 

bakraceski germanecПоранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот во Дортмунд, Германија, Рутиге Шмит, во работна посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Германскиот советник со став дека денешната средба претставува добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Градоначалникот Бакрачески  нагласи дека постои реална потреба за една ваква соработка во повеќе сфери што е и цел на денешната протолколарна средба. Додаде дека таа соработка во иднина би дала долгорочни резултати помеѓу Охрид и Дортмунд.

„Разговаравме за можностите за соработка на полето на културата и една од нашите заложби беше да донесеме некој од уметниците во Дортмунд на нашиот најпознат фестивал, бренд, Охридско лето за наредната година, пред се стана збор за филхармонијата која би гостувала на Охридско лето. Веднаш после оваа средба ќе имаат состанок со ос директорката на Охридско лето да разговараат за деталите. Разговаравме за можностите за афирмација и промоција на градот во делот на туризмот меѓу тур операторите и туристичките работници во во Дортмунд и околината“ – рече Бакрачески.

bakraceski germanecСпоред Бакрачески дел од разговорот на средбата бил посветен на можностите за културна размена меѓу македонскиот Охрид и германскиот Дортмунд во делот на изучувањето на германската култура и јазик во Охрид со поддршка на стручни лица, односно професори од Дортмунд, а истите во Охрид би се организирале како бесплатни курсеви за нашите граѓани. Ваквата можност ја подржа и германскиот советник Рутиге Шмит.

Не го познавам вашиот јазик, но се ќе направам и моја желба е да започне соработката помеѓу двата града. Прво ќе се залагам за можноста за бесплатно изучување на германски јазик кај вас и настап на филхармонијата од Дортмунд на фестивалот Охридско лето“ – вели Шмит.

Денешната посета на германскиот советник Шмит на нашата општина беше на иницијатива на Илија Котлароски, од Ресен, наш иселеник во Германија кој е вљубеник во Охрид.

{loadposition content9}