Skip to main content

Охрид СОС: Од авион се гледат!

Граѓанската платформа Охрид Сос изразија загриженост во врска со загадувањето на Охридското езеро на потегот каде што се влева Сатеска.
 |  инфодеск  | 

Фотографии направени од авион покажуваат од колкави размери е загадувањето на Охридското езеро на потегот каде се влева реката Сатеска. Фотографиите на Фејсбук ги објави граѓанската платформа Охрид СОС.

„Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот тек во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не реагиираат, за нив ова не е проблем.“ – напишаа од Охрид СОС во објавата на Фејсбук.