Охрид добива современ спортски центар. По обновата на источната, наскоро ќе започне реконструкцијата и западната трибина на градското фудбалсно игралиште. За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.
Со ова на охридските терени кои ќе ги задоволуваат стандардите на ФИФА и УЕФА ќе може да се играат меѓународни натпревари.
„Западната трибина ке може да прими 3500 гледачи а северната и јужната по 1000 гледачи. Со веќе направената трибина на источната страна вкуупниот број на гледачи на овој стадион ке биде над 7 500 гледачи со што ќе ги исполн и стандардите за меѓународни натпревари од највисок ранг. Спортот за општина Охрид е со највисок приоритет ЈП Билјанини извори постојано вложува во спортксите објекти. Сакам да напоменам дел дека годинава инсталиравме осветлување на теренот со вештачка трева со што и во вечерните часови може да се користат.“ – вели Теодор Андоноски директор на ЈП Билјанини извори.
Само со сериозни инвестиции во спортска инфраструктура ке може да се развива и спортски туризам.
„ Овие објекти придонесуваат за развој на спортскиот туризам. Општина Охрид како никогаш досега поддржува спортските клубови, дава субвенции за меѓународни турнири кога доаѓаат неколку илјади играчи кои ги користат овие терени, а со тоа им овозможуваме што повеќе терени и повеќе посетители во градот.“- додава Андоноски.
Во меѓувреме привршува и изградбата на ново спортско игралиште во близина на охридската касарна, во населбата Црногорци. Новото игралиште ќе може да го кортстат децата од тој дел на градот, но и локалните клубови.
Новинар Соња Рилковска