Skip to main content

Охрид станува филмски град

Охрид станува филмски град.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Во Охрид ќе стартува Институтот за филм.  Највена работата  на Академијата за филм со седиште во нашиот град. Заменикот мин за образвание Спиро Ристоски најви дека наскоро ќе стартуваат  уписите , а со работа академијата ќе започне од месец ноември. Визитинг професори ќе има од Прашката Академија ФАМУ ,а  во Охрид  ќе студираат студенти од целиот свет. Целта е заеднички дипломи со ФАМУ. Студиската програма на Институтот за филм Охридската филмска академија е прилагодена специјално за оваа институција врз основа на долгата традиција на ФАМУ,  чешката филмска академија. Филмската акедемија со седиште во Охрид е нов проект со кој се продолжува долгата традиција на Прашката школа за филм и телевизија koјa  е 5-та најстара филмска школа во светот , кажа заменикот  министер  за образование и наука Спиро Ристоски.

филм„ Филмската академија во Охрид е јавна научна установа формирана од Владат на РМ која  ќе биде придружна членка на Универзитетот Гоце Делчев  од Штип. Нуди постдипломски прогарми за катедрта сценаристика и драматургија и катедрата за креативна продукција.  Тригодишните студсики програми ќе се изведуваат на англсики јазик  и се прилагодени  според стандардите на ФАМУ, кажа Ристоски.
 
Професор Томаж Петрењ  од ФAMУ од Прага е задоволен што по 7 години тешка и напорна работа идејата на македонскиот режисер  Иво Трајков за отварње на Филмскиот Инситуит во Охрид стана реалност. Идејата беше поддржна од Владата на РМ и ресорното минситерво. Со тоа се продлабочуваат културните  врски меѓу Македонија и Чешка , истакна Петрењ.

охрид„Ние отвараме не само образовна туку научна јавна институција и планираме отварање на докторски студии. Ќе се посветиме на истражување на филмската индустрија, теорија, историја. Ќе отвориме постидполмски студии, две катедри за режија , камера и постпродукција“, најави  професорот Петрењ од ФАМУ.

Градоначалникот Никола Бакрачески  упати благодарност до сите кои работеа на реализација на овој проект.

„ Со отварање на филмската академија  Охрид ќе зазема важно место на светската филмска мапа. Тука   ќе се образуваат кадри не само од Македонија туку  и од земјите од регионот . Знаењата и вештините  од  Прашката школа ќе им ги пренсуваат познатит е имиња од престижната ФАМУ од Прага“, рече Бакрачески.  
Бакрачески најави наскоро отварање и на филмско студио  со што Охрид ќе стане филмски  град.