Охрид и Струга во топ шест најзадолжени општини во првиот квартал од годинава
Во првиот квартал од годинава, според податоците од Министерството за финансии, вкупниот внатрешен долг на сите општини изнесува 64,1 милион евра, објави Порталб.мк. На должничката листа, во првите „50 најзадолжени“ во самиот врв се општините Охрид и Струга. Големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од општините.
Доспеани, а неплатени обврски
- Општина Тетово 14 179 400 евра
- Општина Гостивар 8 010 180 евра
- Општина Охрид 6 338 000 евра
- Општина Делчево 3 093 000 евра
- Општина Струга 2 580 383 евра
- Општина Прилеп 1 783 237 евра
Општина Охрид, во првиот квартал е трета најзадолжена, рангирана на 13 место во „50-те најзадолжени“, со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 6,3 милион евра. Долг од 6 милиони евра пријавило ЈП „Водовод“ – Охрид. На должничката листа е и ЈП Охридски Комуналец.
Општина Струга со износ од 2,5 милион евра, доспеани а неплатени обврски на крајот на првиот квартал, е петта најзадолжена општина, рангирана на 32 место. ЈП „Водовод и канализација“ Струга има повисок долг од општината, во првиот квартал од годинава јавното претпријатие пријавило 3,5 милион евра доспеани а неплатени обврски. На должничката листа е и ЈП Комунално Струга.
Шест најзадолжени општини се Тетово, Гостивар, Охрид, Делчево, Струга и Прилеп. Во привиот квартал нивниот вкупен долг изнесувал речиси 36 милиони евра што е повеќе од половина од вкупниот долг на сите општини на должничката листа заедно.
Анализата на Порталб.мк овде.