Skip to main content

Ohrid TechAthlon 2026 започнува на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Програмата опфаќа предавања, работилници, саем за кариера и тимски натпревар за развој на иновативни решенија.
 |  инфодеск  | 

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид започнува Ohrid TechAthlon 2026, кој ќе трае до 8 ноември.

Програмата опфаќа предавања, работилници, саем за кариера и тимски натпревар за развој на иновативни решенија. Предвидени се активности за вештачка интелигенција, дигитален маркетинг, иновации и претприемништво, со учество и на професори од Универзитетот.

Како домаќин, Универзитетот им овозможува на студентите да ги применат своите знаења, да соработуваат со експерти и да ги претстават своите идеи. Настанот завршува во недела со финални презентации и доделување награди.