Skip to main content

Сообраќај

На Охрид му треба катна гаража

На само два месеци пред стартот на летната сезона, по се изгледа, во Охрид, повторно ќе се бара паркинг место повеќе.
 |  Голабовски Крсте  | 
паркинзи

На само два месеци пред стартот на летната сезона, по се изгледа, во Охрид, повторно ќе се бара паркинг место повеќе. Моментално градот располага со шестотини слободни паркинг места, додека во летниот период има деветстотини слободни паркинг места, но само доколку се смета дека во летните месеци како паркинг се издава просторот кај поранешниот полигон за мали спортови, објаснува теодор Андоноски в.д директор ЈП „Биљанини извори“ . Но во шпицот на сезоната несомнено треба повеќе. Едно од можните решенија на овој проблем би била изградбата на катна гаража.

„Да катна гаража би го решила овој проблем, но тоа важи само во периодот кога во Охрид е шпицот на сезона, кога во градот има зголемена потреба од паркинг места. Е сега дали таа катна гаража би била исплатлива или не тоа дополнително треба да се утврди. Според мене не е исплатлива, меѓутоа Охрид има потреба од катна гаража“,- вели Теодор Андоноски – в.д директор ЈП „Биљанини извори“.

Вообичаено најтешко во Охрид паркин се наоѓа за време на празниците и во летната сезона кога има двојно или тројно повеќе возила.Гужви се создаваат во централното градско подрачје и стариот дел на градот каде поголемиот дел своите станови и куќи ги имаат адаптирано како апартмани и ги издаваат, со што проблемот дополнително се усложнува.

„Па едно 500 паркинг места плус сигурно. Сите знаете дека во Охрид на лето не може да се најде паркинг место, голем проблем е. Ево конкретно пошто сите згради кои гравитираат кон централното градско подрачје сите се направени апартмани, сите тие апартмани се издаваат во летниот период и има потреба од паркинг места. Дополнително треба да се направи нешто кај пазараот. За стариот дел на градот да се направи катна гаража и мислам дека доколку би се релаизирал тој проект би се решил голем дел од проблемите“ – објаснува Теодор Андоноски – в.д директор ЈП „Биљанини извори“.

За големите празници Божиќ, Водици и Велигден, останува праксата паркинзите во градот да бидат бесплатни. Исто така за прв пат во државава во Охрид функционираат извесен период и т.н хуманитарни паркинзи, од кои собраните средствата ќе бидат донирани. Само за 5,5 месеци се собрани 62 000 денари, кои потоа ќе бидат доделени на некое од хуманитарните здруженија, цвели Андоноски.