На Охрид му треба подобро претставување на саемите
На Охрид му е подребно подобро претставување на саемите. Ова е само еден од заклучоците кои произлегоа од денешната работна посета на првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, најави поинтензивна соработка со Агенцијата како би се раздвижиле активностите во градов на полето на развојот на туризмот.
Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа соработка.
„Ги договроривме начините на кои што градот Охрид ќе биде промовиран во идната стратегија на Агенцијата за промоција на туризмот во РМ, во делот на саемското претставување, во делот на она што за нас претставуваат приоритетни дестинации каде што Охрид би требало да биде претставен на саемите“ – изјави Бакрачески.
Општина Охрид е еден од клучните партнери за соработка на полето на туризмот во земјава, нагласи директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„Градоначалникот е многу амбициозен и отворен за соработка, ние разговаравме на повеќе теми од тоа како да се претставиме надвор за заеднички како маркетиншки да делуваме до тоа како да е рашириме сезоната и како да ја забогатиме туристичката понуда за Охрид а воедно тоа значи збогатување на понудата и на Македонија“– вели Џамбазоски.
Џамбазоски ја истакна и добрата соработка со УСАИД, бидејќи и тие сериозно партиципирале во проектите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во таа насока тој го најави настанот кон крај на месец август годинава, на кој ќе присуствуваат значајни туроператори во делот на активен и културен туризам, кој што во понудата освен општината го ставаат и регионот па и НП „Галичица“.
{loadposition content9}