Skip to main content

Охрид треил подготвен да стартува планинската трка

Пријавени се над 150 учесници. Ќе се трча низ одредени места во НП Галичица на 60 и 35 километри. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Георгиески. 

 |  Валентина Неловска  | 

Организаторите на Охрид треил и градот подготвени за одржување на новиот спортски настан кој ќе се одржи на 25 мај. Над 150 спортисти од 15 земји ќе земат учество во комбинираната трка, трчање и пешачење низ одредени предели во НП Галичица. Патеката е во должина од 60 км и 35 км, а стартот е од Св. Наум и кампот Елешец, а ќе финишира на градскиот плоштад. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

„Овој настан освен што го промовира и поттикнува спортот има за цел да ги афирмира и убавините на градот и планината Галичица. Сметам дека настанот ќе придоенсе за збогатување на туристичката понуда на градот во насока на алтернативни форми на туризмот надвор од летната сезона. Верувам во капацитетот и способноста на луѓето во оваа спортска приказна. Уверен сум дека ќе се земени во предвид сите современи стандарди и практики за оргазнирање на ваков вид на настани“, истакна Георгиески.

Треил трката е спортска дисциплина која во светот е во подем 15-тина години. Од 2011 година во Македонија се организирани треил трки меѓу кои Крали Марко треил во Прилеп, Струмина Треил во Штип, Церипашина на Попова Шапка и Водно – Матка Скопје. Не можевме да ги одминеме убавините на Охрид и планината Галичица и скоро една година го подготвуваме спортскиот настан во Охрид, вели Дејан Крле од Здружението „Трекс“.


„Охрид треил е планинско трчање, мешавина од планинарење и трчање на долги патеки во природа, најчесто во Нациоанлани паркови, заштитени зони, природни резервати и места кои изобилуваат со ретки убавини. Тоа е нов спорт кој се развива во последните 15 -тина години во светски рамки и има подем во бројот на учесници и постигнати резултати на трките,“ истакна Крле од здружението Трекс.

Спортистите ќе трчаат на големата трка 12 часа, а на малата 9 часа. За нивната безбедност ќе се ппогрижат 60 волонтери, меѓу кои од Службата за спаување на планина и од ОО ЦК. Настанот е во органиција на охридската Асоцијација за спортови „Спорт за сите Сите за спорт“ и Здружението „Трекс“ со поддршка на Локалната самоуправа.