Skip to main content

Охрид Ултра-Треил започнува вечерва

Охрид повторно ќе пулсира со енергија и адреналин кои со себе ги носи планинското трчање. Седмото издание на Охрид Ултра Треил донесува рекордни 650 учесници од 42 земји. Спортско-рекреативниот спектакл започнува вечерва со стартот на кралицата на трките долга 107 км.
 |  Маја Савиќ  | 

Седмото издание на Охрид Ултра-Треил започнува вечерва и носи рекордни 650 учесници од 42 земји. Настанот годинава го потврдува статусот како водечки во светот на планинското трчање во регионот а прераснува и во интернационален спортско-рекреативен спектакл.

Љубителите на трчањето на планина ќе уживаат во пет трки со различна должина и тежина, распоредени во два дена. Кралицата на трките во должина од 107 км стартува вечерва во 23ч, од плоштадот во Охрид, Галичица ултра долга 65 км стартува утре во 07 ч. од Св. Наум, од истата локација еден час подоцна стратува 42 километарската Самотска, трката Летница 21км стартува од Велгошти. Јуниор Треил во должина од 10K која стартува во 11часот од Рамне годинава е отворена за сите, и за рекреативци и за почетници, со бесплатно учество за јуниорската категорија од 13 до 18 години со што го поттикнува спортувањето и активниот животен стил кај тинејџерската популација .

Поради најавите за неповолна меторолошка состојба и невреме организаторите беа приморани на измени на дел од рутите.

„ Ги следиме сите светски трендови. УлтраТреил трчањето како во нашата држава така и глобално зема се поголем замав така што мислам дека успешно сесправуваме веќе седма година да одолееме на оние предизвици кои ги носат светските стандарди. Апсолутно се запазуваат сиет стандарди, мора да се напомене дека безбедноста е пред се , па така оваа година ние не можеме да си играме со природата и бевме приморани да измениме дел од рутите.“ – изјави Рафаил Додески – Организациски тим Expo директор и логистика.

„ Поради лошите временски услови кои се особено влошуваат во сабота поладне препораките се сите тркачи во тој период да бидат што подалеку од таа зона и поради тие причини високата зона во целост, впрочем и најатрактивните делови на Галичица оваа година тркачите за жал нема да можат да уживаат , но сепак онаа трка од 40 км , ноќниот дел од 107 километарската трка ќе се покрај делот на Охридското езеро во пределот на село Трпејца, река Черава, изворите на Св наум така што ќе има доста во што да се ужива и подоцна оние кои што ќе трчаат на трките од 40 км , 60 и 100км ќе се враќаат назад би рекол во висина од некаде 1600 м и највисоко што ќе се искачат е 1700м под врвот над село Елшани, Бугарска чука.“ – изјави Димитри Димитров – организација.

Сите патеки водат низ величествените предели на Националниот парк Галичица, а финишот е традиционално на градскиот плоштад во Охрид.Трета година за ред настанот е дел од Europe Trail купот каде се натпреваруваат некои од најдобрите европски треил тркачи. Оваа година трката на 65 километри – Галичица Ултра воедно ќе биде и квалификациска трка во скајранинг дисциплината СкајУлтра

„Македонија има репрезентација во Sky running , трчање на планини. Од оваа година имаме формирано официјално лига која има 5 трки меѓу кои Охрид Ултра-Треил со дисциплината 65 км. Решивме оваа година оваа трка да биде дел од календарот на sky running лигата и да биде трка на која победниците во машка и женска конкуренција ќе бидат дел од репрезентацијата и ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Sky running кое годинава од 4ти јули ќе се одржи во Италија.“ – изјави Душко Петрушевски – претставник на Комисија за Skyrunning на Македонија при Планинарска федерација.

Денеска во Спортскиот центар „Билјанини Извори” се одржа OUT Expo – спортски и outdoor саем каде се доделуваа стартните пакети за сите трки. А воедно овој настан ги собра на едно место тркачите, љубителите на активен живот и професионалците од outdoor индустријата на размена на искуства, презентации и забава во очи на незаборавен спортски викенд во Охрид.