Skip to main content

Охрид утрово го зафати силен ветар дуваше со брзина од над 100 км на час

Охрид утрово го зафати силен ветар дуваше со брзина од над 100 км на час.

 |  Валентина Неловска  | 
ветер

Силен ветар го зафати Охрид и охридско утрово. Во делови од градот летаа ќерамиди, рекламни паноа, се искршија и многу гранки, а паднаа и бандери. Атанас  Ковачески , портпаролот на ЕВН Македонија информира дека силниот ветар направил одредени проблеми во напојувањето со елктрична енергија во Охрид, околината и Дебрца. Од силината на ветерот биле откорнати  неколку бандери и се скинале проводници на електричната енергија.

ветерЕкипите на ЕВН на терен ги санирале настанатите проблеми, а доколку повторно има потреба ќе се вклучат во отстранување на пријавените проблеми. Од охридската метеролошка станица информираат дека во последниве години во градот не е забележан ветар со ваков интензитет каков што утрово го зафати Охрид. Ветерот бил со најак интензитет во 9 часот.

„ Градот го зафати рафален ветар со удар на ветерот од 29 метри со 105 км на час со два удари. Максималната брзина на ветерот е измерена  во два пократки удари. Првиот удар на ветерот беше со времетраење од 1 час без прекин“, информира Илијоска .

Ветерот кој дуваше утрово беше со југоисточен правец со налети во три наврати. Првиот беше најсилен и траеше 1 час, додека другите два налети трае по половина час, посочува Илијоска. Охридската метереолошка станица  е една од технички подновените во земјава.ветер

 

„ Имаме електрична и автоматска станица. Се мери и со термометар има и други пишувачи, барометар за мерење на притисок, температура, влага. Подновена е со омбриограф автоматската станица за мерење на дожд, “ подвлекува Илијоска.

Инаку,  денес во светото  се одбележува  денот на метереологијата ,а охридската метереолошка станица датира од далчената 1923 година. Во текот на годините таа е технички  опремувана со современи апарати за следење на временските промени.