Skip to main content

Охрид во борба за зачувување на биолошкиот диверзитет со кој расоплага

Охридска пастрмка, охридска белвица, преспански крап, ендемични цицачи и растителен свет. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е богатство кое мора да се зачува.

 |  Мишел Наумоски  | 
biodiverzitet

 Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе.

svetski den na biodiverzitet„Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од големите животни цицачи се до влекачите, водоземците кои се карактеристични за овој регион, се до малите заедници кои што постојат во блатните површини, во Студенчишкото Блато, во Езерани на преспанската страна сите тие елементи се елементи кои се реткост и кои ние барем гледано од еколошки аспект сакаме да ги заштитиме не притоа да го нарушиме развојот кој се планира туку да го ставиме во една одржливост, развојот да не им наштети на сите еколошки варијанти кои што се во регионот.“-вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Пановски потенцира дека Охрид и Преспа се всушност еден регион кој поради сето природно богатство со кое изобилува УНЕСКО пред година дена го прогласи и за прекуграничен биосферен резерват.

ohridsko-prespanski rezervat„Биосферниот резерват подразбира зачувување на сите биодиверзитетски вредности кои што ги носи еден регион, а нашиот е 14ти по ред во светот, што е уште еден показател дека ваква вредност која ја имаме треба да ја штитиме, треба да работиме во интерес на нејзнина промоција и од тоа да го генерираме економскиот развој во иднина. Во спротивно ако се однесуваме несериозно кон биодиверзитетот, како што знаеме во одредени периоди да се однесуваме, тогаш ќе дојдеме во ситуација се она што сме го имале како вредност да го изгубиме и да бараме некои вештачки, увезени вредности наместо да се потпираме на ендемичните вредности кои што си ги имаме како регион.“-рече тој.

biosferen rezervatПановски вели дека токму денешниот ден, треба да не потсети сите на богатството кое што го имаме, но богатство што според него, ретко се случува да го браниме бидејќи не сме го насочиле развојот кон заштита на природните вредности. Тој дополнува дека за среќа полека се подига свеста кај луѓето за значењето на природните богатства и изрази надеж дека ако не сегашната генерација, тогаш идната генерација ќе ги штити токму овие вредност. Според Пановски, борбата за зачувување на природните вредности допрва започнува.