УХМР
Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи и максимални температури до 13 степени Целзиусови
Минималните температури во Охрид од 7, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури во Охрид од 7, а максималните до 13 степени Целзиусови.
И утре ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.




