Охрид има врвни млади и талентирани музичари
Над 100 ученици од гимназискиот хор и основното музичко училиште кои настапија на Новогодишниот концерт во организација на Лајонс Клубот Охрид потврдија дека Охрид располага со млади талентирани музичари.
проф. Александар Димоски
Над 100 ученици од гимназискиот хор и основното музичко училиште кои настапија на Новогодишниот концерт во организација на Лајонс Клубот Охрид потврдија дека Охрид располага со млади талентирани музичари. Пееа, танцуваа и свиреа со еден збор изведоа прекрасна музичка програма која ги воодушеви присутните. Програмата се состоеше од четири музички блока валцери, божиќни и новогодишни песни, како и фрагменти од цртаниот музички филм Малата Сирена. Профeсорот по музика Александар Димоски вели „ располагаме со таленти кои треба да ги откриеме и кај кои треба да го развиваме талентот, но и да го ставиме во функција. Со Новогодишниот концерт го потврдивме тоа“.
Во Охрид покрај големиот број КУД, функционира и хорското пеење во гимназијата и основното музичко училиште Методиј Патчев. Професорот Александар Димоски со голем ентузијазам е иницијатор на Хорскиот фестивал што се одржа по трет пат во нашиот град.
„Тоа е една манифестација која произлезе од нашето искуство со работата на гиманзискиот хор. Нашето знаење и искуство го пренесовме на интернационалниот Хорски фестивал во Охрид“, истакнува Димоски.
Досега на хорскиот фестивал настапиле над 5000 учесници и 150 меѓународни хора. Со тоа настојуваме Хорскиот фетсивал да се издигнува на што повисоко ниво и да придонесеме за што подобар имиџ на нашиот град вели професорот по музика Александар Димоски.

{loadposition content9}