Охрид за Новогодишните празници од година во година се попривлечен
Охрид за Новогодишните празници од година во година се попривлечен
Расте од година во година бројот на туристи кои престојуваат во Охрид за Новогодишните празници. Тоа се должи на промоциите кои се прават за Охрид во светот, но и на збогатената туристичка понуда која ја прави градот за да привлече странски и домашни гости, вели Олег Маленко од туристичката агенција „ Вис пој“.
„Според моите информации и букингот кај мене гледаме дека има зголемување на гости во споредба со минатата година. Од разговорот со хотелиерите во хотелските капацитети се е веќе букирано и има слободни места уште во приватното сместување. Во Охрид има сместувачки капацитети за сите категории на гости, приватните капацитети се привлени за помладите, а повозрасните гости ги избираат хотелските капацитети“, кажува Маленко.
Најмногу гости се очекуваат од соседството, домашни гости, а има интерес и на туристи од Грција и западно европските земји,најавува Маленко. Охрид е интересна туристичка дестинација во сите годишни времиња.
„ Охрид сам по себе е магнет. Охрид ја продава Македонија, а не Македонија, не го продава Охрид. Тоа треба да е јасно базата за привлекување на гости во Македонија е Охрид, а после туристите патуваат насекаде низ земјата. Охрид е интересен и во лето, пролет, есен и зима. Во секој период од годината има своја убавина. Со над 200 сончеви денови тој е привлечен и е воздушна бања, има содржини културно историски споменици излетнички места“, кажува Маленко.
Забава за Новогодишната ноќ има за сите категории туристи.Интересот е насочен за традиционална народна музика , но има богата забава и за младите. Пакет аранжманите се движат од 90 до 200 евра во зависност од изборот на сместувачката категорија и користење на услугите.