Skip to main content

Од Охрид започнува откривање на таленти

Со цел да се намали трендот на одливање на мозоците од земјава отпочнува Владиниот проект „Откривање и работа со надарените и талентирани деца во предучилишните установи“. Задачата на државата е преку поголема грижа за талентираните и надарени учениците да направи врвни стучњаци од нив и да ги задржи во земјава, велат експертите.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

gradinkaРаната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација.

„Се работи под секакво соучество на еминентни професори од републикава и секако овој преокт е мониториран и од европскиот совет за надарени и од словенечкото здружение на талентирани и надарени и секако имаме еден спектар на институции, субјекти, ои што му даваат посебна релевантност. Кога станува збор за очекуваните бенефиции можеме да кажеме дека поссле ова базично ниво, воспитувачкиот кадар ќе направи еден скрининг формулирање на одредени состојби кои што се во ова ниво и ќе дадат одреден предлог на ученици кои влегуваат во првата фаза на идентификација“ – вели проф. Кеверески.

gradinkaОбука од ваков карактер досега немало во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, нагласува директорката Розе Костеска. Таа додава дек апосебно задоволни се што овој проект кој е одобрен од МТСП започнува токму од нивната установа, односно од Охрид, градот кој е лулка на културата, образованието и науката.

 „Им благодарам на сите воспитувачи и негователи кои што го прифатија ова со огромно задоволство имајќи гово предвид фактот дека за да се работи со деца треба за се да има подобри успеси ов работењето, секако треба да се напредува и да се работи на сопствено образование и усовршување на се она што се знае бидејќи досегашната интенција беше да се работи со деца со посебни потреби, секогаш го нагласувам фактот дека не се само децата кои што имаат одредена потреба, туку посебни потреби имаат и децата кој што имаат посебен талент“. – изјави Костеска.

Проектот е поддржан и од Локалната самоуправа. Заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев потенцира дека оние кои што го водат процесот на образованието,посебно оние што работат со најмладите мора да испратат една порака до родителите дека детето е талентирано за одредена област.

„Јас се надевам дека наставниците и тоа како ќе ги препознаат талентираните и ќе се обрне внимание. Ќе ја искористам и оваа можност да кажам дека ова е прв проект вториот проект професорот беше малку скромен е во делот на откривање на талентираните во делот на основното и средното образование. Факултетите се надевам понатаму ќе веруваат на оценките на професорите кои се наоѓаат во основното и средното образование со што ќе се направи услуга на сите а краен резултат или крајната цел ќе биде враќање на сите во Р. Македонија и во Охрид се разбира – кажа Јанев.

gradinkaЕден од реализаторите професори, кој ќе соработува со наставниот кадар е проф. Д-р Виолета Арнаудова. Таа нагласи дека МТСП добро е што ја почувствува потребата од реализирање на еден ваков проект, бидејќи децата се многу повеќе од она што некој ги доживува.

„Мислам дека е крајно време да се свртиме кон нашите потенцијали па онаа појава на одлив на мозоци да ја свртиме кон прилив и кон враќање кон нашите талентирани, надарени кои што барајќи податливо тло за афирмирање на својот потенцијал тоа го направија надвор од својата земја. Тоа е етички и професионален проблем и предизвикот е пред нас бидејќи она што е зад нас е малку она што е пред нас е премногу а она што е во нас е доволно, само е потребно доволно обучени експерти ов областа за да можат тоа што го носи секој од нас да го извлечеме да го афирмираме и да престанеме да ги учиме децата на информации кој е главниот град таму и таму, колку се два и два туку да ги научиме што се тие“. – нагласува проф. Арнаудова.

Еден ваков проект и обука одамна недостигаше во нашата установа, велат воспитачките од Јасна Ристеска.

„Бидејќи претходно имаме поминато многу обуки што ни користат во нашата работа, секако една ваква нова обука е еден предизвик и ќе биде многу корисна за понатамошната наша работа“ – изјави Мери Рилкоска.

Вакви обуки со еминентни предавачи ќе има низ целата држава.

{loadposition content9}