Охрид заслужува постојана поставка со делата на големиот Вангел Наумоски
Охрид и Македнија треба да се горди со делата на познатиот уметник Вангел Наумоски и истите треба 365 дена во годината да се пред очите на јавноста. Но за жал до ден денес нема една таква постојана поставка во градов, освен галериските простори во куќата на семејството Наумовски.
Изложба на 22 дела од големиот охридски ликовен творец Вангел Наумовски насловена како „Портрети и ликови“ деновиве е поставена во куќата на Уранија во Охрид. После подолго време љубителите на неговата уметност имаат можност да се сретнат со неговите дела. Оваа колекција на слики за прв пат е пред очите на јавноста и како што рече неговиот потомок синот Рубенс Наумовски изложбата претставува блиц, ретроспектива на неговото творештво низ годиниве. Исто така тој нагласи дека годинава по повод двата големи јубилеи, 90 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, како и 60 години од неговата прва самостојна изложба во Охрид, на иницијатива на академик Цветан Грозданов емоционално и морално биле обврзани да ги одбележат овие јубилеи.
„Ја нареков „Портрети и ликови“ токму и самото име да ја неведи перцепцијата на гледачите кон еден тип на едно негово специфично остварување за кое е малку зборувано. И така одбрав портрет од самиот почеток како што е неговиот автопортрет, портретот на Бранислав Иванчевиќ, за на крај да стигнеме како што е и хронолошки наместена изложбата завршиме со неговиот портрет кој го има наречено универзум, автопортрет во последниот, односно зрелиот негов израз како стил. Така да се добива еден впечаток за неговото движење и да се интегрира, обедини целокупното гледиште на и обичниот гледач кон твоорештвото на Вангел“ – вели Рубенс.
Делата на Вангел Наумовски се бројни и повеќе од потребен е голем музејски простор во Охрид сите да бидат изложени, смета неговиот син. Додава дека до ден денес нема такво место во градов, иако имало неколку неуспешни обиди да се договорат со градските власти за едно такво место. Денес делата на Наумовски се наоѓаат во галериските простории во нивната семејна куќа, а најдобрата збирка во Македонија од 14 слики на Наумовски се наоѓа во болницата за ортопедија и трауматологија „СВ Еразмо“.
„Не само што заслужил Вангел туку заслужил и Охрид и Македонија, бидејќи Охрид му дал многу на Вангел а Вангел му дал многу на Охрид и Македонија кое всушност не постои, го нема заради тоа што нема Вангел кај да се види во Охрид. Значи Охрид, Вангел и Македонија заслужува да има еден таков простор кој што во текот на цела година има фрекфенција и клиентела која токму по профилација предодредена е како љубител на уметноста и заинтнересираност за такви дела“ – изјави Рубенс.
Сеуште не се знае точно бројот на слики кои ги има создадено Вангел Наумоски. Тие биле оставени во наследство на Рубенс и неговите три сестри. Дел од сликите на Наумовски ги прошетале речиси сите континенти, а само две од нив биле зачувани и истите ќе бидат поставени на изложбата на 1 и 2 август во куќата на Наумоски, појаснува Рубенс. Тие слики биле покажани во двата Амерички континенти на светската изложба заедно се делата на најголемите уметници на 20 век како што е тоа Дали, Пикасо Миро, Кандински и. т. н. Рубенс открива дека работат на проект за Вангел Наумоски кој треба да го прошета светот, со што би била остварена целта на големиот уметник.
„Имено станува збор за иницијативата на Националната галерија во Р. Македонија, размислата беше и тие да направат сериозна голема ретроспективна изложба со зафат на дела од сите простори за да може приказот да биде што поадекватен. “ – вели Рубенс.
Во галериските простори во куќата на семејството Наумовски во очи на големиот празник Илинден ќе биде поставена уште една изложба на Вангел Наумоски. Денес по неговите стапки чекори неговиот син Рубенс, кој вели дека има многу заеднички карактеристики со неговиот татко, а за уметничките дела кој ги твори Рубенс, остава критичарите да говорат и за наредната година најави изложба на негови дела.
{loadposition content9}