Skip to main content

Охрид знае како да се промовира

„Денот на езерото“ е манифестација на која, хотелиерите, угостителите и туристичките работници можат да ги покажат и понудат своите производи. Неколку штандови на градскиот плоштад Св Климент Охридски, денес на одбележувањето на Денот на езерото имаа таква можност.

 |  Николоска Биљана  | 
detstvo
детство

standoviХотелиерите и угостителите од Охрид, Струга и Поградец, на свој начин учествуваа во одбележување на Денот на езерото. Штандовите со рекламни материјали, но и штандовите со рибни специјалитети, домашни ракотворби, како и сувенири, покажаа дека трите крајбрежни града, има што да им понудат на туристите.  Угостителите од струшко Радожда ги имаа изложено дел од специјалитетите на нивната куќа. За нив ваквите манифестации биле од големо значење, но семтаат дека треба да има повеќе настани од ваков тип.

„Ние како претставници на рибни ресторани, односно го претставуваме нашиот ресторан Александрија во Радожда и имаме изложено дел од нашите специјалитети, јагула во тава, икра од крап, тресена пастрмка печена на жар, пржена белвица. Секаде во светот е вака сега почнуваме и ние да се модернизираме во ова поле и мислам дека ќе биде добро за секој хотелиер и угостител да има каде да го покаже својот производ.

standoviИ претставниците на хотелите сметаат дека недостасуваат повеќе манифестации со ваков карактер.

„Ние во моментов го претсатавуваме нашиот хотел Белведере како и рестораните Билјанини Извори и Центар кај Четкарот. Овој настан е убав бидејќи едноставно луѓето кои се тука можат да не запознаат, да видат кои сме и што сме а секако и кои услуги ги нудиме и по која цена и мислам дека вакви настани треба почесто да се организираат.

Ове е еден од најдобрите начини за да може еден град значително да се промовира, сметаат од секторот за туризам и локален економски развој од Охрид.

„Промоцијата на градов се состои во богата понуда на културно историските  знаменитости во Охрид имаме брошури мапи, главни гости ни се градоначалниците на Струга и Поградец.

Топлото време не ги спречи охриѓани масовно да излезат и да бидат дел од манифестацијата, Ден на езерото. Дел од нив се снабдија со рекламни материјали за се што нудат туристичките работници, а дел се насладија од вкусните специјалитети изложени на штандовите.

{loadposition content9}