Skip to main content

Охридската чаршија изумира

Купи ден- помини. Така последниве години функционира нашата охридска чаршија. Во последните два месеци затворени се десетина дуќани.  Причини за тоа има повеќе. Високите кирии, големите давачки кон државата како и слабиот промет се на врвот на листата поради што голем број охриѓани ги згаснаа своите бизниси.

 |  Јаковлева Лионела  | 
carsija
чаршија

Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Од почетокот на новата година па до сега затворени се десетина дуќани.  Високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Тие кажуваат дека доколу сте отвориле бизнис во самата чаршија тогаш  ќе мора да издвоите 600 или 700 евра месечно  ако дуќанот е на самиот почеток на чаршијата, па се до 1000, 1500 па дури и 2000 евра месечна кирија во самото срце на чаршијата. А ако ви бараат за година однапред, ќе треба да искеширате од 7200 па се до 24.000 евра. Во разговорот што го направивме со дел од дуќанџиите разочарано кажуваат дека давачките се превисоки, а се случува во текот на денот и воопшто да не направат промет.carsija

Криза, немаат луѓето пари, никој не работи, еве и јас мислам да затворам. Казните се големи промет нема, а давачките големи. Само за кирија плаќам 500 евра, вели еден дуќанџиа во охридската чаршија.

чаршијаИ во трговскиот центар „Амам“ кој се наоѓа во самото срце на чаршијата, речиси две третини од објектите стојат празни. Иако на ова место би плаќале најниска кирија, и тоа некаде во просек од 150 до 300 евра месечно, секако ако дуќанот се наоѓа во внатрешноста на Амамот, а не веднаш на самата чаршија сопствениците на оние бизниси кои таму функционираат велат дека едвај врзуваат крај со крај. Од ваквата слика на охридската чаршија разочарани се и граѓаните.

За разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое работата цветаше, сега е место на пропаднати бизниси на што потсетуваат катинарите на вратите на дуќаните и излепените излози. Оваа слика станува секојдневна па дали некој конечно ќе се свести дека Охрид економски пропаѓа и дека станува град на незадоволни граѓани кои се повеќе го напуштаат барајќи си ја среќата по белиот свет или во главниот град на државава. Последните статистички податоци покажуваат дека Охрид е на прво место по бројот на иселени лица во последниве шест месеци.

{loadposition content9}