Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат за уште еден успешно завршен Erasmus+ проект- „IoT in Education“, во кој учествуваа партнери од четири држави: Романија, Македонија, Турција и Португалија.

–Од самиот почеток до завршувањето на проектот, оваа соработка беше многу повеќе од формална активност – таа беше пример за успешно партнерство, меѓукултурно разбирање и тимска работа. Секоја земја придонесе со свои искуства, идеи и пристапи, со што заеднички се создаде богата и инспиративна образовна средина., велат од ОСУ “Св. Климент Охридски”.
Во нивното соопштение се вели дека во рамките на проектот, учесниците разменувале идеи, искуства и добри практики поврзани со примената на IoT технологиите во образованието, а преку дискусии, практични активности и заедничка работа, нивните ученици стекнале знаења кои имаат реална примена во наставниот процес и придонесуваат кон модернизација на образованието.


-Остварените резултати и воспоставените партнерства претставуваат цврста основа за идни образовни иницијативи и нови меѓународни проекти. Со овој проект уште еднаш се потврди значењето на програмата Erasmus+ во градењето мостови меѓу образовните институции и во поттикнувањето на квалитетно, современо и инклузивно образование, се додава во соопштението.

Во соопштението се наведува дека учеството во проектот Erasmus+ претставувало исклучително значајно искуство за учесниците. Покрај стекнатите технички и дигитални знаења, тие ги унапредиле комуникациските вештини, тимската работа и меѓукултурната свесност. Се потенцира дека преку соработка може да се постигнат долгорочни и квалитетни резултати во образованието.