Во рамки на манифестацијата „Охридска новогодишна приказна“, денес, 30-ти декември, Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе биде исполнет со празнична магија, музика и забава за сите генерации.
Програмата започнува во 12:30 часот со детската новогодишна театарска претстава „Минионите на Дедо Мраз“, во изведба на Театар „Провокација“, која ќе донесе радост, смеа и празнична атмосфера за најмладите посетители.
Вечерната забава продолжува од 19:00 часот со новогодишен настап на македонската тин ѕвезда Христијан Настески – Пајак, кој ќе ги забавува младите со своите најпопуларни хитови.
Од 20:00 часот на сцената ќе настапи Младинската рок група при Младинскиот центар Охрид, а музичката вечер ќе биде заокружена со настапот на The Back Door Band од 20:30 часот.
Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и денес нуди богата празнична програма и незаборавна новогодишна приказна за сите охриѓани и гости на градот