Продолжуваат настаните од Новогодишната програма што ја организира Општина Охрид од проектот „Охридска новогодишна приказна“.
Денес од 12:30 часот ќе биде одиграна детска новогодишна театарска престава: „Заспаниот Снешко Белчо“ во изведба на „Весел Театар“, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во 19:00 часот е новогодишното комично шоу „Солзи и смеа“ на Балада Продукција, исто така на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.