Охридската општа болница одбележува 60 години постоење
Од желба и визија до шест децении успешна приказна. Охридската болница деновиве го одбележа овој значаен јубилеј. Темелот бил поставен од страна на врвните лекари пред децении за денес и натаму болницата да се доградува во здравствена институција која постојано го подобрува квалитетот на услугите кон бројните пациенти.
„Почетоците и идејата за основање на медицински центар датира нешто пред 6о тите години за на 25 февруари 1960 година да се постават темелите на медицинскиот центар на локација каде денес се наоѓа хируршкиот блок од страна на Вангел Шорко, а по претходна иницијатива на окружниот одбор. Иницијативата ја покренуваат докторите Аголи, Константинов, Захариески и Филев. Четири години подоцна на 04 февруари Окружниот одбор ја гласа иницијатаивата за ноември да започне со давање на првите здравствени услуги. Примопредавањето на клучевите се одвива на 17. 01. 1965 година.“- вели д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.
Денес болницата функционира во 15 болнички одделенија, аптека и заеднички служби. Располага со десет хируршки сали. Менаџментот постојано работи на подобрување на услугите.
„Денес охридската болница фунцкионира како павилјонски тип здравствена установа од секундарното здравство нашата болница претставува регионален центар со 470 вработени во овој момент од кои 70 лекари специјалисти имаме 35 млади лекари на специјализација 250 медицински персонал 130 помошен технички епрсонал. Како таква функционира и дава здравствени услуги не само на граѓаните од Охрид туку и на соседните граодви во земјава и Албанија.“– додава д-р Маркоски.
Јавното здравство изминатава деценија се соочува со недостиг на медицински персонал, д-р Маркоски упати апел особено до помладата генерација медицинари да останат во својот град и во својата земја да ја градат кариерата.
„Моја мабиција на оваа здравствена установа ке биде усовршување и подигнивање на квалитетот на услугите и упатувам апел до помладите лекари да останат дома затоа што спасувањето на живот на својот близок нема материјална вредност што би го заменило. Друга страна квалитетот на здравствените услуги може да се подобри со постојано инвестирање во медицинска опрема затоа сите општествено одговорни луѓе треба да помагаме на здравствените институции за заедно сплотени да ги направиме резултатите видливи.„-вњли д-р Маркоски.
Овој значаен јубилеј охридската боллница го одбележа со собир на кој присуствуваа поранешни и сегашни лекари, колеги од другите институции и промоција на документарен филм посветен на болницата.
Новинар Соња Рилковска