Охридската староградска песна повторно одекна во чест на Андреј Лаброски

На платото кај Сараиште по осми пат одекнаа звуците на охридската староградска песна во чест на прерано починатиот музичар од ВИС „Билјана” – Андреј Лаброски. Роднини, пријатели, колеги музичари и бројни охриѓани повторно се собраа на неговиот роденден. Велат, болката не исчезнала, но музиката станала начин да го чуваат живо неговото име. Концертот, се одржува од 2018 година, денес е прераснат во традиција со хуманитарен карактер.


„Непосредно по неговата смрт почнавме да го организираме овој настан токму на 16 јули, затоа што тоа е неговиот роденден. На овој ден се собираме роднини, пријатели, колеги музичари, но и луѓе што не го познавале, а го почитуваат ликот и делото на Андреј Лаброски.” Од година во година, оваа вечер добива сè поголемо значење. Не само затоа што ги обединува оние што го познавале Андреј, туку затоа што привлекува и луѓе кои никогаш не го сретнале, а преку неговите песни го запознаваат неговото дело, вели Христијан Томески од ВИС „Билјана”.
Во негова чест беше промовирано и дополнетото реиздание на песнарката „Охридски музички бисерник”, која Андреј почнал да ја создава уште како 22-годишник. Новото издание е збогатено со приказни за песните и нивните текстови, а се продаваше и за време на концертот. Сите средства од продажбата, како и донациите од настанот, се наменети за хуманитарни цели.

Она што особено радува, велат музичарите, е што староградската песна денес повторно живее меѓу младите. Ако пред осумнаесет години таа тешко го наоѓала патот до нив, денес сè повеќе млади ги пеат охридските бисери.
–Почна како една наивна идеја. Не знаевме дали ќе успее, а уште помалку можевме да замислиме дека ќе прерасне во ова што е денес.Сè повеќе расте.Од времето кога почнавме пред 18 години до денес, интересот навистина многу порасна, вели ЈОван ПОП Стефанија ВИС Билјана.

Членовите на ВИС „Биљана” велат дека никогаш не сонувале дека ќе стигнат до тука. Во 2009 година започнале како деца – на возраст од 14 до 16 години. Со една, како што самите велат, „наивна идеја” сакале само да ја зачуваат староградската песна. Денес, 18 години подоцна, зад себе имаат стотици настапи, а нивната публика е сè побројна.
Благодарение на нив охридската староградска песна не е спомен на минатото, туку музика што ја пеат и новите генерации.








