Помоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставниците на туристичкиот сектор од целиот регион, беше целта на традиционалната „Охридска вечер“ која се одржа вчеравечер во Белград, Србија.
На свеченоста присуствуваа бројни гости од туристичките агенции, хотелскиот сектор и институции поврзани со туризмот од Србија и неколку Балкански држави.


Во рамки на програмата, на градоначалникот Кирил Пецаков му беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, посветеноста кон соработката и придонес кон заедничкиот успех во развојот на туризмот на Балканот.
Охридската вечер е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам, кој деновиве се одржува во Белград.