Охридска вечер на Ада Циганлија во Белград
Охридска вечер на Ада Циганлија во Белград.
Органзирана Охридска вечер на Ада Циганлија во рамките на Саемот за туризам Белград 2015. На презентацијата на охридските културни и природни вредности присуствуваа голем број тур оператори, туристички агенции, амбасадори. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека слични пормоции следуваат и во други балкански и европски градови, по одржаните во Кина, во градот Далијан. Бакрачески најави туристичка промоција на Охрид во Европскиот парламент во Брисел, но присутност и во Осло, Тел Авив, Москва, Истанбул, Измир, Сараево, Љубљана, Загреб.
„ Ние како нов тренд го најавуваме подолго време и постојано работиме да има голем импакт на зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетуваат Охрид. Уверени сме дека ќе вроди со плод оваа наша нова стратегија со презенатција на охридската туристичка понуда и на културното и природното наследство“, кажа Бакрачески.
Охридската вечер беше организирана со помош на македонската амбасада во Белград. Нашата амбасадорка Вера Јовановска Типко ги покани посетителите како што рече, да ја откријат нашата чудесна земја.
„ Ако прв пат доаѓате во Македонија да ги отворите сите сетила да ги почуствувате сите богатства кои Mакедонија ги нуди. Доколку доаѓате повторно секое патување е ново искуство“, напомена Јовановска Типко.
Од името на ТЛЕР присутните на Охридската вечер во Белград ги поздрави и Ѓоко Апостолов. Традицијата и постигнатите успеси на генерациите пред нас се наша сила која ни дава волја да го развивме туризмот во Охрид како наша најјака економска гранка, потенцира Апостолов.
„ Горди сме што во континуитет ја подобруваме и унапредуваме туристичката понуда со што го освежуваме традиционалното гостопримство. Во стратегијата одиме во чекор со светските трендови и покрај постоечките креираме нови облици на алтернативен туризам. Во него ќе биде вклучено поширокото подрачје со проекти со соседните земји со што овозможуваме на туристичките работници да понудат нови пакети и кружни тури кои ќе побудат интерес на гостите од прекуокенаските земји“, рече Апостолов.
На туристичкиот саем во Белград беа презентирани и прекуграничните региони на Балканот, проекти поддржани од Европската унија. Туристите беа запознаети со нови места на кои може да го поминат годишниот одмор во регионот Преспа кој ги опфаќа Ресен и Охрид целиот регион на Корча.
{loadposition content9}