Охридската библиотека го слави Светскиот ден на книгата и авторското право
Во време кога светот е затворен и на луѓето им е ограничено движењето, дружењето со книгата претставува еден од начините за олеснување на времето на изолација и самоизолација. Дружењето со книгата и нејзината моќ во оваа сеопшта затвореност може да се искористи за проширување на хоризонтите, за стимулирање на нашите умови и за креативност. И годинава Светскиот ден на книгата и авторските права 23 април се одбележува во вонредни услови и на специфичен начин поради пандемијата на коронавирусот и борбата оод ширење на заразата. Охридската градска библиотека и во вакви услови бележи зголемување на бројот на читатели, вели Милчо Јованоски – НУ Градска библиотка “Григор Прличев“ од нашиот град.

„Бројот на луѓето на читателите кои сакаат да дојдат беше навистина голем, јас во една пригода реков и напишав во еден мој текст дека како да сме пред банка, пошта, имаше редици луѓе кои чекаа да зајмат книга, тоа за нас радува како податок дека луѓето сакаат да читаат, можеби и таа пристапна цена ги тера да бидат наши членови, но и речиси секојдневната набавка на нови дела и следењето на светската литература и она што е тренд во библиотекарството односно во пундата на новата книжевна белетристика го прави своето“ посочи Јованоски.
Јовановски вели дека читателите исто така ги следат современите дигитални трендови, како што е веб порталот на установата но и активностите на библиотеката на социјалните мрежи, па така подготвени доаѓаат со знаења за она што сакаат да читаат следно.
„Замислете имаат списоци на книги кои во текот на годината ги прочитале и доаѓаат со она што конкретно сакаат да го читаат, што е за нас многу полесно, и морам да кажам дека во овие времиња ја научивме социјалната димензија на книгата и зошто ја бараме како најдобар пријател“ кажа Јованоски.
Кога станува збор за дигитализацијата на пишаниот збор и мисла, тоа е неминовен процес и пред се неопходен,но јованоски вели дека треба да се оди чекор по чекор.Секоја установа треба да формира тимови кои ќе работат токму на дигитализацијата и користење на интернет алатките во библиотеките.
„Мислам дека требад а одиме чекор по чекор во секоја област па и во областа на дигитализацијата, пример едно е ако една иснтитуција во Македонија почне да дигитализира она што го чува како своја архива и како книжен фонд а друга го нема, имаме ние начин за комуникација како библиотеки во Македонија и ние имаме на нашата веб страна во ПДФ формати дела , но тука веќе се допира и делот со авторски права, дали вие смеете да барате дозвола од авторите нивната книга да биде бесплатно достапна на некоја онлајн платформа“ вели Јовански.
Јованоски потенцира дека во Охридската библиотека се следат сите протоколи за заштита, се прават паузи по половина час за да се спроведе дезинфекција на просторот, а книгите кои се враќаат една недела остануваат во депото, пред повторно да им се издадат на читателите.Иако и годинешното славење на литературата ќе биде далеку од библиотеките и книжарниците, во никој случај тоа нема да го намали значењето на овој значаен и признат датум ширум светот.