Охридската библиотека го збогати фондот со повеќе наслови за деца
Во пресрет на 2 Април Светскиот ден на литературата за деца оваа среда ви нудиме 10 нови наслови за деца кои веќе можат да се зајмат.
Во пресрет на 2 Април Светскиот ден на литературата за деца оваа среда ви нудиме 10 нови наслови за деца кои веќе можат да се зајмат.
Се работи за двете изданија од авторот Френк Лајман Баум Волшебникот од Оз во издание на Панили и Чудесниот волшебник од Оз издание на Детска радост. Издавачот Феникс ја отпечати книгата Таро од земјата на планините од Миоко Мацутани а Култура- Кражба на огромниот дијамант од Џеронимо Стилтон. Во нашата библиотека од денеска ви се достапни и стихозбирката „Синиот зајак“ од Душан Радовиќ, издание на Темплум, приватното издание помогнато од Министерството за култура од младиот битолски автор Влатко Стојковски со наслов Записите на учителот.
При набавката на нови изданија библиотеката води сметка и за најмладите, набавени се примероци од следните сликовници: Ежето Снеже и Куклен театар обете од Неше Рамовиќ во издание на Арт и Арт од истиот издавач е и сликовницата работена по текст од Ана Батева, Дрво на животот. Ја поседуваме и сликовницата Го виде ли некој другото зајаче превод на истоименото дело од холандските автори; Маранке Ринк и Мартјан ван дер Линдс.
Годишната членарина за деца и ученици изнесува 200 а за возрасни 300 денари. Библиотеката со читатели работи од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот, со Ковид пауза од 13 до 13 и 30 часот.