Skip to main content

Култура

Охридската библиотека премина во отворен тип

Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
 |  Маја Савиќ  | 

Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.
Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.
Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид – Читална

На 26 април, вторник во 12 часот, во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател , како најчитаните домашни и странски автори и книги. Во рамки на настанот, на околу триесетина граѓани кои донираа книги во изминатиот период, Библиотеката ќе им врачи благодарници.